МАКЕДОНИЈА

Левица: Почитување на Резолуцијата за „црвените линии“ и прекин на преговорите со Бугарија!

Политичката партија Левица повикува на почитување на Резолуцијата за „црвените линии“, итен прекин на преговорите и водење на принципиелен процес на интеграција кој ги заштитува македонските национални интереси.

Во партиското соопштение објавено денеска, меѓудругото се наведува:

Раштимана од изборниот неуспех, Владата е спремна (без разлика на последиците кон македонската држава) повторно да влезе во неолибералната преговарачка машинерија и уште еднаш да ги поткопа националните интереси, заради сопствен спас на политичката сцена.

Решавањето на спорот со источниот сосед ја има круцијалната улога во разврската на ова прашање, при што се најверојатни се следниве две сценарија, и двете погубни за македонската нација:

1. Анекс на постоечкиот договор или нов договор, по примерот на оној со Грција, кој дополнително ја става македонската страна во подредена позиција, со севкупно прифаќањето на бугарските (ЕУ) услови, за отпочнување на преговорите!

2. Рамковната позиција, усвоена од бугарскиот Парламент во 2019 година, да влезе во преговарчката рамка на ЕУ со Македонија.

И во двете возможни сценарија, останува фактот дека Бугарија нема да отстапи од своите негаторски и шовинистички барања кон Македонија.

Сметаме дека делeгитимираната Власт нема интегритет, уште помалку капацитет, а најмалку умешност да ги води преговорите со Бугарија!

 

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button