ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Левица поднесе интерпелација за републичкиот јавен обвинител Коцевски

Пратеничката група на Левица поднесе интерпелација против републичкиот јавен обвинител Љупчо Коцевски поради нефункционалност и политички влијанија врз работата на Основното јавно обвинителство, информираше денеска на прес-конференција пратеникот од редовите на Левица Сашко Јанчев.

Advertisements

Како што појасни, интерпелацијата се темели на четири основи – селективна истрага за пожарот во Кочани; политичко влијание во работата на Обвинителството; функционалниот хаос во Вишото јавно обвинителство – Скопје; непостапување по службена должност за дивоградбите на урбаната мафија во Скопје.

Според Јанчев, селективноста во истрагата за пожарот во Кочани е очигледна. Вели опфатени се само поранешни носители на јавни функции во рамки на Министерството за економија, Државниот пазарен инспекторат и Министерството за внатрешни работи, но не и актуелните функционери на истите институции.

– Да се гонат бивши функционери, а не сегашните кои што имале законска обврска за да го зачувуваат редот е исто како за убиство да се гони производител на пиштол, а не тој којшто директно го повлекува чкрапалото. Па така, од истрагата изоставени беа одговорни лица кои треба да водат евиденција за давање одобрени за употреба на пиротехнички средства, актуелната началничка на ОВР Кочани Марија Цветановска Маневска, началникот на одделот за криминалистички работи во Кочани Томе Донев, кој ена функција повеќе од една година и е сликан во партиски штабови на ВМРО-ДПМНЕ. ИЗоставена е главната инспекторка за економски криминал во Кочани, Христина Јованова и сменоводителот на критичната ноќ Драган Петрушев. Во ситуација кога под истрага беа бившата државна секретарка на Минситерството за економија и поранешниот директор на ДПИ, нејасно е зошто сегашниот државен секретар и сегашниот директор на ДПИ Влатко Стојкоски беа изземени од истрагата, вели Јанчев.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button