Левица поднесе кривична пријава против првиот човек на Собранието Африм Гаши
Левица поднесе кривична пријава против првиот човек на Собранието Африм Гаши

Левица поднесе кривична пријава против првиот човек на Собранието Африм Гаши за несвикување на седницата за Законот за Бранители. Според нив, Регулативата го обврзува Гаши како претседател на Собранието да свика седница, а доколку тоа не го стори, должен е претседателот на комисијата за социјални прашања. Велат дека Гаши прави кривично дело против службената должност.
Досега нема одговор од кабинетот на спикерот Гаши. Претходно од Левица имаше интерпелација против него, која не помина.
Законот за бранители беше доставен во јули, а на дневен ред беше ставен во септември, но во Комисијата за социјална работа не беше процесиран од претседателката на Комисијата Илире Даути. Од СДСМ побараа мандатно-имунитетната комисија да расправа за одговорноста на Гаши за овој случај, но комисијата досега не е состаната. Сега социјалдемократите не ги појаснуваат идните чекори за законот за бранители и немаат коментар за кривичната пријава поднесена од Левица.
Од ВЛЕН велат дека поволностите за бранителите биле одобрени во периодот на владеење на ДУИ, а нема да дозволат одобрување на измените што се во процедура.
„Законот за бранители е во функција затоа што го направи Али Ахмети. Промената за која сега се зборува, нема да помине“, рече Зеќирија Ибрахими, ВЛЕН, претседател на Алтернатива.
Со Предлог-законот за „бранители“ и нивните семејства се предвидува зголемување на вредноста на надоместокот по степен на инвалидитет од максимум 1.200 евра како месечен надоместок, на 82.000 евра доколку степенот на попреченост е 100 проценти, како еднократен надоместок./Алсат.мк
Фатлуме Дервиши