ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Левица поднесе кривична пријава против Талат Џафери заради спречување на референдумот

Левица поднесе кривична пријава против Талат Џафери заради спречување на референдумот

Правниот сектор на Политичката партија Левица, до Основното јавно обвинителство – Скопје, поднесе кривична пријава против претседателот на Собранието на Република Македонија – Талат Џафери, бидејќи тој, своеволно и спротивно на Уставот, Законот и Деловникот го оневозможил спроведувањето на граѓанската иницијатива на државно ниво за собирање на 150.000 потписи за распишување задолжителен дополнителен референдум за Законот за ратификација на Договорот за добрососедство со Бугарија.

Advertisements

„Пријавениот се терети дека, намерно и со умисла, преку противуставното, противзаконското и противделовничкото одбивање на уредната граѓанска иницијатива – поднесена од страна на група од 646 граѓани, на пропишаниот образец од страна на Државната изборна комисија – сторил тешко кривично дело против изборниот систем – „Спречување на избори и гласање“, казниво по чл. 158, ст. 1 од Кривичниот законик, со запретена минимална затворска казна од најмалку три години. Во пријавата се нотира дека, со ова свое инкриминирано деликтно дејствие, преку злоупотреба на своите службени овластувања, пријавениот арбитрарно го ускратил врховното колективно уставно право на граѓаните, како носители на народниот суверенитет, на т.н. директна демократија, свесно спречувајќи нивно непосредно изјаснување по пат на референдум. Со тоа, тој од старт ја осуетил и ја спречил законската можност за собирање потписи за распишување државен референдум, гарантирана во Законот за референдум и други облици на непосредно изјаснување на граѓаните, манипулирајќи ја и непочитувајќи ја изречно предвидената подзаконска деловничка процедура за постапување во случај на поднесена иницијатива од група-граѓани, како овластени предлагачи“, се вели меѓу другото во сопштението на Левица.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button