Левица повторно најавува сопка за Законот за државјанство

Левица го смета за лош предлог-законот за државјанство. Според нив, законското решение изготвено без политички консензус може да има правни последици во иднина. Опозициската партија проценува дека е потребен целосно нов закон.
Предлогот се очекува да биде одобрен по забрзана постапка. Точките од договорот меѓу Владата и албанската опозиција Алијанса за Албанците – Алтернатива ќе бидат вклучени во текстот преку амандмани. Бидејќи рокот за нивно доставување е истечен, регулативата овозможува дополнување на текстот преку амандмани предложени од комисијата како матично тело. Кратката постапка ја ограничува дебатата во матичните тела, но не и на пленарната седница. Од албанската опозиција велат дека не би биле изненадени доколку македонската опозиција, особено Левица, не го искористат членот 151 од Деловникот за да предложат амандмани за време на пленарната седница, односно за време на второто читање и дискусија со цел да го блокираат законот. Но, СДСМ гарантира дека такво нешто нема да се случи и оти Законот за државјанство ќе се донесе со консензус. Во моментов се подготвуваат амандмани за измените договорени од Владата и албанската опозиција, а потоа треба да се свика седница на Комисијата за одбрана и безбедност. Законот ќе го поддржат ДУИ и ДПА, додека ВМРО-ДПМНЕ сè уште нема дециден став.
Адријан Керими