Левица: Предложената измена и дополнување на Законот за државјанство спротивни на Конвенцијата за државјанство и сите европски стандарди

Измените на Законот за државјанство, предложени од Алијанса на Албанците, со кои се предвидува намалување на потребниот период, едно лице законски и постојано да живее на територијата на Република Македонија, за да се стекне со државјанство со природување, се спротивни на уреденоста на оваа област во законодавствата на сите земји од регионот, земјите членки на ЕУ, каде е предвиден регулиран престој од најмалку 8 години па нагоре, реагираат од опозициската партија, Левица.
Во нивното соопштение меѓудругото се додава:
Во Конвенцијата за државјанство, која Република Македонија ја има ратификувано е наведен рок не подолг од 10 години, период на престој пред поднесување на барањето за стекнување на државјанство со прирордување. Оваа горна граница ја следат очигледно сите останати држави, сите циркулираат околу горната граница. Сето тоа е бидејќи државјанството треба да биде израз на највисок степен на интегрирање на странецот во општеството. Ако се водиме од компаративната анализа, тоа значи дека лицето треба претходно да се стекне со дозвола за постојан престој, па потоа да добие државјанство. Вака со скратувањето на тој период на само 4 години се деградира постоењето на институтот ДОЗВОЛА ЗА ПОСТОЈАН ПРЕСТОЈ.
Со предложените измени не се докажува ефективна врска на засегнатото лице со Република Македонија, СПРОТИВНО НА ЧЛ 18 СТ 2. ТОЧКА А – ОД КОНВЕНЦИЈАТА ЗА ДРЖАВЈАНСТВО. Се остава простор за прешироко толкување. Особено што условите за стекнувањето на државјанство при државна сукцесија се предвидени во Конвенцијата за државјанство со цел избегнување на состојба на бездржавјанство…