МАКЕДОНИЈА

Левица: Се попишуваат и оние кои немаат државјанства

Додека владините функционери именувани од страна на СДСМ, на чело со директорот на Државниот завод за статистика (ДЗС), ја убедуваат јавноста дека пописот е „само статистичка операција“, нивните партнери во власта, функционери од редовите на ДУИ со пара-пописна структура агитираат кај албанската дијаспора за масовно попишување, обвинуваат од партијата Левица. Во соопштението меѓудругото се вели:

Advertisements

Легитимноста на пописот е целосно поткопана!

Последен пример за ова е новата нерегуларност која деновиве беше потврдена од лица во дијаспората. Нерегуларноста се однесува на тоа дека, во дијаспората се попишуваат и лица кои се откажале од македонското државјансво?! Имено, ова беше потврдено дури и од Првиот вице-премиер во Владата, Артан Груби, кој кажа дека за да се попишеш „доволно е лицето да има извод од матична книга на родени, извод од книга на венчани, или БИЛО КАКОВ друг документ”. За Груби важно било само да има што поголем број Албанци, што ќе придонело за „унапредување на правата на Албанците во Македонија“.

Очигледно дека пописот е планирана политичка алатка со која треба да се зацементира трибалистичкиот карактер на политичкиот систем на Македонија, и најпосле да се официјализира и унапреди нејзината федерализација.

Оттука, упатуваме повик до сите политички чинители надвор од политичкиот двор на ДУИ, итно да постигнат консензус за откажување на овој попис на неодредено време, се’ додека не се изготви консензуален Закон во кој ке се утврди методологија и контролни механизми, кои реално ќе покажат каква е состојбата на територијата на Република Македонија, се наведува во реакцијата.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button