ВЕСТИСВЕТ

Либералите победија на изборите во Канада

Владејачките либерали во Канада победија на вчерашните избори, но сè уште не е познато дали ќе можат сами да формираат влада, покажаа прогнозите на телевизиите ЦТВ И ЦБЦ.

Премиерот Марк Карни побара од гласачите силен мандат за да се спротивстават на царините и заканите од американскиот претседател Доналд Трамп за анексија на земјата.

Advertisements

ЦТВ И ЦБЦ известуваат дека либералите сè уште не ги обезбедиле 172 места потребни за супермнозинство.

Резултатите ќе бидат познати по некое време и може да зависат од исходот од гласањето во најзападната провинција Британска Колумбија, каде што гласачките места се затвораат последни.

Либералите, кои беа на власт во последните девет години, победија или водеа во 133 изборни единици, додека конзервативците победија во 93.

Парламентот има 343 места, а доколку Карни освои само релативно мнозинство, ќе мора да преговара со помалите партии.

Резултатите од изборите се тежок пораз за лидерот на конзервативците, Пјер Поилиевр, кој ја фокусираше својата кампања на домашната политика и ветувањето да ја поправи земјата што либералите ја „корумпираа“.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button