СВЕТ

Лидери на ЕУ: Невиден пораст на антисемитизмот во Европа

Лидерите на ЕУ денеска, по повод Меѓународниот ден на сеќавање на холокаустот, укажаа на „невиден пораст на антисемитизмот“ на европскиот континент, кој не е забележан од Втората светска војна и порачаа дека се решени да се борат против антисемитизмот и за заштита на еврејскиот начин на живот во Европа.

Advertisements

„Никогаш повеќе е сега“, нагласија лидерите на ЕУ во изјава објавена на веб-страницата на Европскиот совет.

Во исто време, тие остро го осудија „загрижувачкиот пораст на насилни антисемитски инциденти“, негирањето и искривувањето на вистината за холокаустот, како и теориите на заговор и предрасудите против Евреите.

„Денес сме сведоци на невиден пораст на антисемитизмот на нашиот континент, кој не е забележан од Втората светска војна“, порачаа членовите на Европскиот совет.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button