ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Лидерите на албанските партии во Македонија разговарале во Тирана за европската иднина на двете земји

На средбата меѓу лидерите на албанските политички партии во Северна Македонија со премиерот на Албанија Еди Рама која се одржа синоќа во Тирана, како што изјави лидерот на ДУИ, Али Ахмети изјави дека Северна Македонија и Албанија имаат заедничка иднина во Европската Унија, но и заеднички предизвици кои ги очекуваат двете земји во овој период. Тој додаде дека мора да се спречи заминувањето на младите од Македонија и од Албанија во европските земји и оти стандардите на двете земји треба да се усогласат со оние на земјите од ЕУ.

Средбата на лидерите на партиите од албанскиот блок во Македонија беше иницирана од премиерот на Албанија Еди Рама. На средбата беа присутни лидерите на сите политички партии на Албанците во земјава освен првиот човек на Беса, Билал Касами, кој, иако беше поканет не присуствуваше на средбата.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button