ВЕСТИСВЕТ

Лидерите на ЕУ не успеаја да се договорат за распределба на клучните позиции во европските институции

Лидерите на државите или на владите на Европската Унија вчера во Брисел разговарале за тоа кој ќе биде новиот претседател на Европската комисија, кој ќе го води Европскиот совет и кој ќе биде новиот висок претставник на ЕУ за надворешни работи и безбедносна политика. Тие не успеале да се договорат за именување на нови шефови на европските институции, иако официјален договор за распределба на функциите се очекува да се случи на формалниот самит на Европскиот совет на 27 и 28 јуни.

Ваквата информација ја потврди и претседателот на Европскиот совет во заминување, Шарл Мишел, посочувајќи дека оваа средба била добра можност за размена на мислења, со оглед, како што рече, резултатите од изборите за Европскиот парламент и подготовката за формалниот состанок на Европскиот совет, кој треба да се одржи следната недела.

„Разговорите одат во вистинска насока, но во оваа фаза сега не е постигнат договор“, рече Мишел.

Политичките партии, како што додаде тој, ги дале своите предлози, а посочи и дека лидерите на ЕУ до крајот на месецот ќе треба да донесат две одлуки, од кои една е поврзана со институционалниот циклус, со оглед на резултатите од изборите, а другата улога е поврзаната со стратешката агенда на ЕУ.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button