ВЕСТИСВЕТ

Лидерите на ЕУ се согласија за зајакнување на европската одбрана, но не и за поддршката на Украина

Лидерите на земјите членки на Европската унија на вчерашниот специјален Европски совет посветен на Украина и на одбраната на Европа, се согласија дека континентот мора да стане поодговорен за сопствената одбрана и самостојно да се справува со предизвици, но не успееја да постигнат консензус за поддршката на Киев.

Advertisements

Коментирајќи го ваквиот исход на Самитот, претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта изјави дека сите сакаат мир, а разликата е во тоа што 26 земји веруваат дека патот до мирот е преку зајакнување на капацитетите на Украина, додека Унгарија има поинаков став.

– Тука нема поделба. Ние 26 земји продолжуваме да ја поддржуваме Украина, како што тоа го правиме од првиот ден (на руската инвазија) на 24 февруари 2022 години и ќе продолжиме со тоа обединети, рече Кошта, додавајќи дека во ЕУ останува силната поддршка за Украина од 26 од 27-те земји членки, кои имаат заедничката позиција, а всушност само Унгарија има поинаков пристап.

Тој нагласи дека безбедноста на Украина е во сржта на безбедноста на Европа и затоа ЕУ ја поддржува земјата уште од првиот ден на руската инвазија и ќе продолжи со поддршката и натаму, дури и по војната.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button