МАКЕДОНИЈА

Лидерите на Србија и на Косово ќе се состанат во Вашингтон на 4 септември


Советникот за национална безбедност на американскиот претседател, Роберт О’Брајан, соопшти дека лидерите на Србија и на Косово ќе се состанат во Вашингтон на 4 септември. Веста дека преговорите биле одложени за два дена заради дополнително планирање, сега е потврдено и од Гласот на Америка. „Соединетите држави со нетрпение ги очекуваат овие важни преговори со претседателот Вучиќ и премиерот Хоти. „Веруваме дека напредокот во економските прашања, вклучително и создавање на работни места и забрзување на економскиот раст, е првиот чекор во унапредувањето на мировниот процес“, рече портпаролот на Белата куќа. Вчера Вучиќ рече дека е многу веројатно дека во разговорите на 4 септември ќе учествува и американскиот претседател Доналд Трамп. Најавата дека во септември, Косово и Србија ќе се сретнат во Вашингтон, ја даде претставникот за дијалогот на Белата куќа, Ричард Гренел.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button