СВЕТ

Лидерот на германската Христијанско-демократска унија (ЦДУ) и најверојатно иден канцелар на Германија

Лидерот на германската Христијанско-демократска унија (ЦДУ) и најверојатно иден канцелар на Германија

Лидерот на германската Христијанско-демократска унија (ЦДУ) и најверојатно иден канцелар на Германија, Фридрих Мерц, изјави дека се надева дека ќе успее да формира влада до Велигден откако неговиот конзервативен блок ЦДУ/ЦСУ победи на вчерашните парламентарни избори во Германија. Мерц сака да коалицира со Социјалдемократската партија и дека ќе започне преговори во наредните денови.

Advertisements

Тој на прес-конференција во Берлин рече дека миграцијата, економијата и одбраната се клучни теми за преговорите со Социјалдемократите.

Ова е рекорден резултат за крајната десница со освоени 28.6 од проценти на гласовите на предвремените избори во германија. На второ место заврши Алтернатива за Германија, екстремно десничарската партија која го удвои својот изборен резултат – од 4,8 милиони гласови на претходните избори, овој пат успеа да придобие 10,3 милиони гласови.

Трети се социјалдемократите на досегашниот канцелар Олаф Шолц, кои го доживеаа најлошиот резултат досега со освоени 16.4 проценти. За Шолц, изборните резултати се горчлив пораз за партијата и најави дека нема да учествува во преговорите за идни коалиција.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button