ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Лидерот на опозицијата Хриситјан Мицкоски најави гласање за недоверба на владата

ВМРО ДПМНЕ ќе покрене иницијатива за недоверба на Владата. Сепак, лидерот на опозицијата Христијан Мицкоски вели дека по ова дејствување треба да се мисли за следните чекори. Мицкоски, кој досега најавуваше ново парламентарно мнозинство, сега бара експертска влада до октомври и предвремени парламентарни избори заедно со локалните.

Опозициската коалиција Алијанса – Алтернатива ги отфрла тврдењата на лидерот на Движењето Беса, Билал Касами, дека двајца пратеници од коалицијата ќе се приклучат на мнозинството.

„Ако заминат двајца пратнеици, тоа значи дека заминале двајца наши претседатели, бидејќи ние сите потврдуваме дека не се пазариме со никого. Навистина, за партијата што вие ја споменувате, не вреди да се занимаваме со нивната математика“.

Пратеникот од Демократски Сојуз, Павле Трајанов, ќе се одвои од парламентарната група на СДСМ.

Доколку парламентарното мнозинство се согласи на предвремени парламентарни избори заедно со локалните, земјата треба да ја води техничка влада од втората половина на јуни, додека локалните избори треба да се одржат најверојатно на 3 – ти октомври.

Adrian Kerimi

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button