ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Лидерот на оценската мисија на ЕУ за правосудниот систем во земјава утре и задутре во Скопје

Оценската мисија за функционирањето на правосудниот систем во земјава ќе отпочне со работа утре. Лидерот на експертскиот тим, Бранко Хрватин, поранешен претседател на Врховниот суд на Хрватска ќе ја посети земјава на утре и задутре, со што ќе го означи почетокот на работата на мисијата, соопшти денеска Делегацијата на Европската Унија во земјава.

Advertisements

Првично ќе биде идентификуван обемот на работата што ќе ја врши оценската мисија, а работата, како што се наведува во соопштението, ќе биде комплетирана од тим од експерти од земјите-членки на ЕУ, кои во септември ќе ја посетат земјава.

-Тимот на експерти од земјите-членки на ЕУ ќе ја испитаат институционалната рамка на Судскиот совет и ќе предложат краткорочни и среднорочни мерки, вклучувајќи легислативни и институционални мерки, со цел да се зајакне независноста, непристрасноста и кредибилитетот на значајното управувачко тело на судството, се вели во соопштението.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button