МЕТРОПОЛ

Лијам Пејн ќе биде погребан денеска

Ѕвездата на „Уан дајрекшн“, кој имаше само 31 година во моментот на неговата трагична смрт, падна од балконот на третиот кат од неговата хотелска соба во Аргентина минатиот месец. Минатата недела, официјалните лица во Буенос Аирес му дозволија на семејството да го однесе неговото тело дома, пред неговиот погреб.

Advertisements

Погребот ќе биде затворен за јавноста, ќе присуствуваат само семејството и најблиските пријатели, а ќе се појават и четворица членови на „Уан дајрекшн“, Хари Стајлс, Зејн Малик, Луис Томлинсон и Ниал Хоран, пишува „Мирор“.

Се очекува да присуствува и неговата девојка Кејт Кесиди заедно со Сајмон Кауел.

Таткото на Лиам заминал во Буенос Аирес и го посетил хотелот во кој умрел Лијам, за да ги погледне сите почести што ги оставиле обожавателите, по неговата смрт на 16 октомври.

Неговото семејство претходно изјави: „Срцето ни е скршено. Лијам засекогаш ќе живее во нашите срца и ќе го паметиме по неговата љубезна, ведра и храбра душа“.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button