Лина Ѓорческа, co втор настап во квалификациите на Австралија Опен

Лина Ѓорческа по вторпат во кариерата ќе со бори за учество на првиот сезонски Грен слем –. Потврдата за оваа информација пристигна утрово, откако организаторот на турнирот во Мелбург ги објави сите учесници во квалификациите, а меѓу нив се најде и името на нашата тенисерка.
Ова за Ѓорческа ќе биде втор настап во квалификациите на овој Грен Слем турнир, откако во 2017 година беше на чекор до пласман, бидејќи загуби во третото квалификациско коло од првата носителка во квалификациите Стефани Вегел од Швајцарија со 2-1 во сетови (4-6, 6-3, 6-2).
Ова за Ѓорческа ќе биде седми настап во квалификации на Грен Слем турнир (три на УС Опен, и по еден на Австралија Опен, Ролан Гарос и на Вимблдон). Квалификациите за првиот Грен Слем турнир почнуваат на осми јануари, а турнирот стартува на 14 јануари.