СПОРТ

Лина Ѓорческа, поразена во финалето во Ларнака

Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа не успеа да ја освои првата титула во 2024 година откако утринава е поразена во мечот за трофејот на турнирот во Ларнака, на Кипар.

Подобра од неа беше хрватската тенисерка Луција Ќириќ Багариќ која славеше во два сета (6-2, 6-3). Ова, воедно, беше и прво финале за Ѓорческа оваа сезона, а вкупно 34. во кариерата во која има и 13 титули од турнирите.

Таа и претстојната недела ќе биде во Ларнака каде ќе настапи на уште еден турнир, во надеж дека ќе оствари нов добар резултат.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button