СПОРТФУДБАЛ

Лионел Меси, нема да настапи на четвртфиналето на Копа Америка?

Здравствената состојба на aргентинецот Лионел Меси останува неизвесна пред четвртфиналето на Копа Америка против Еквадор, а тренерот на “гаучосите”, Лионел Скалони сака да почека пред да одлучи дали ќе настапи најдобриот фудбалер на сите времиња.

Advertisements

Меси го пропушти последниот натпревар на Аргентина во групата во саботата против Перу (2-0), откако се пожали на повреда на тетивата. Скалони рече дека ќе донесе одлука по тренингот на неговиот тим.

„Ќе почекаме неколку часа пред да донесеме одлука. Секогаш е подобро да имаш уште еден ден. Ќе се обидеме да го интегрираме и, доколку не е подготвен, ќе го бараме најдоброто решение за тимот. Ќе разговарам со него денес. Мислам дека е правилно да одвои време и да тренира што е можно повеќе“, рече Скалони.

Доколку Меси не е подготвен за мечот против Еквадор, Скалони би можел да стартува со Хулијан Алварез и Лаутаро Мартинез како напаѓачки тандем.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button