
Аргентинскиот репрезентативец Лионел Меси планира да настапи на Светското Првенство (СП) во 2026 година доколку биде во добра физичка форма и може да им помогне на соиграчите.
Меси како капитен ја предводеше Аргентина до светската титула во Катар во 2022 година, по што кажа дека тој Мундијал ќе му биде последен во кариерата, меѓутоа се премисли.
„Остана уште време до Мундијалот и не знам како ќе се чувствувам во тој момент. Сакам да играм на турнирот, но ќе зависи од тоа дали можам да им помогнам на моите соиграчи“, кажа Меси.