МАКЕДОНИЈА

Лишени од слобода двајца криумчари на мигранти

Припадници на Министерството за внатрешни работи вчера пронашле мигранти на патот меѓу с.Богородица и с. Стојаково, по што биле приведени двајца криумчари на мигранти.

Advertisements

-Вчера околу 17.40 часот во близина на локалниот пат помеѓу с.Богородица и с.Стојаково од страна на полициски службеници од ПСГН Богородица биле пронајдени 13 лица мигранти (11 од Египет и 2 од Сирија), а околу 18.30 часот во близина на фабрика во с.Стојаково биле пронајдени 11 мигранти од Египет, кои претходно биле превезени со патничко возило „мерцедес“, стои во соопштението на МВР.

Оттаму наведуваат дека мигрантите се спроведени во Прифатниот транзитен центар „Винојуг“-Гевгелија и со нив бил извршен службен разговор, во кој изјавиле дека групата ја водел А.А.(26), а му помагал И.К.(22), двајцата од Сирија.

МВР потоа околу 20 часот ги лишило од слобода двајцата осомничени, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело по чл.418-б од Кривичниот законик и се задржани за понатамошна постапка. Известен е јавен обвинител од ОЈО за ГОКК и против лицата ќе следува соодветна пријава.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button