МАКЕДОНИЈА

Лишени од слобода двајца малолетници, расчистен случајот сo пукањето во Тетово

На регионалниот пат Тетово-Попова Шапка, на влез во село Гајре, полициски службеници од СВР Тетово вчера утрото лишиле од слобода двајца малолетници од истото село, поради сомнение дека вечерта на 26 на улица „111“ во Тетово пукале со автоматска пушка во правец на куќа, сопственост на М.Т. од Тетово.

Advertisements

Како што соопшти МВР, малолетниците се задржани во полициска станица, известен е јавен обвинител и во присуство на службеници од Центарот за социјални работи извршен е службен разговор. По документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button