ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Лишени од слобода три лица на подрачје на Куманово и Кратово, управувале возила под дејство на алкохол

Лишени од слобода три лица на подрачје на Куманово и Кратово, управувале возила под дејство на алкохол

Полициски службеници од Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај Куманово и полициски службеници од Полициското одделение за безбедност на патниот сообраќај Кратово денеска ги лишиле од слобода А.М.(38) од Куманово, А.Р.(49) од село Ваксинце, општина Липково и З.Л.(60) од село Страцин, кратовско.

Advertisements

МВР соопшти дека при контрола на патниот сообраќај во Куманово, полициските службеници констатирале дека кај А.М., кој управувал патничко моторно возило „цитроен”, биле измерени 1,56 промили алкохол во крвта, а кај А.Р., кој управувал патничко моторно возило „опел”, биле измерени 1.55 промили алкохол. При контрола на патниот сообраќај во Кратово, З.Л. не застанал на знак за запирање и се обидел да побегне, но набргу бил запрен и полициските службеници кај него измериле 2,28 промили алкохол во крвта.

По целосно документирање на настаните, против лицата ќе бидат поднесени пријави по член 297-А од Кривичниот законик „безобѕирно управување со моторно возило”.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button