ЗАБАВА

Лиснати панцероти со мелено месо и печурки


Вкусни лиснати печива, полнети со фил од мелено месо и печурки, одлични за ручек, но и за калоричен појадок.

Состојки:

Ќе ви треба (за 12 панцероти):

2 чешниња лук
150 мл. вода
Фант за косани одрезак и фаширани шницли
500 гр. мешано мелено месо
2 раце шампињони
половина китка магдонос
500 гр. лиснато тесто
кечап за премачкување

Подготовка:

Чекор 1: Во млака вода растворете го Фантот и оставете го да одмори.

Чекор 2: На рингла ставете ја Вок тавата да се загрее на средна температура. Месото додадете го во тавата и пржете го со малку масло. Мешајте со дрвена лажица и постојано разделувајте го на најситно за да не се направат поголеми парчиња. Откако ќе зарумени додадете го Фантот.

Чекор 3: Додека месото се запржува исечкајте ги печурките и додадете ги во тавата. Печурките ќе го впијат сосот што го испушта месото. Ситно исечкајте пола китка магдонос. Додадете го откако ќе се запржи месото. Промешајте и оставете да се подолади.

Чекор 4: Лиснатото тесто расукајте го во големина на панцерота или поделете го на еднакви делови. Премачкајте ги панцеротите со кечап, можете и со сенф (не е задолжително) и наполнете ги со филот. Затворете ги со вилушка за да не се отворат при печење.

Чекор 5: Печете во загреана рерна на 200 степени 20 минути, или додека не добијат убава златна боја.

На здравје!

 

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button