ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Лица со посебни потреби бараат помош

Лицата со посебни потреби бараат од новата Влада подобри услови, пред се инфраструктурни. Тие се жалат дека се соочуваат со многу потешкотии додека се движат за извршување на секојдневните обврски бидејќи нема тротоари или посебни ленти за нивно движење. Велат дека немаат никаква помош од државата и дека малкуте услови што ги обезбедиле се од хумани донатори кои помогнале за набавка на инвалидски колички и други помагала.

„21 век немаме основни услови за лица со посебни потреби, тоа е мизерно. Апелираме за тротоари, да има премини во институциите…да се води сметка за оваа категорија на луѓе. Во општина Чаир гледате дека немаме ниту тротоари ниту ништо, за жал. Би било добро да ги има. Имаме пречки, секогаш кога ќе се појавиме на телевизија/медиуми, никој не не зема предвид, а ние сме луѓе како сите, сакаме еднаш засекогаш да се средат проблемите на лицата со посебни потреби“, вели Ертан Шаќири, Здружение на лица со посебни потреби „СОС Вита“ – Скопје

Единствена парична помош што можат да ја добијат од државата по 26 години се социјалните додатоци од вкупно 11.000 денари, кои според нив не ги задоволуваат ниту најосновните потреби. Бараат зголемување на државната помош.

“Дваесет години државната помош „грижа за другиот“ не е зголемена. Исто толку помош добивам од 2004 година. Добиваме доволно помош за да купиме 2 пакувања масло, каде се другите трошоци? 70 евра месечно трошам само за лекови. Со 11.000 денари државни пари не можеш да преживееш, што прво да платиш? Струја, даноци”? вели Живко Милевски, Здружение на лица со посебни потреби „СОС Вита“ – Скопје

Неофицијално, корисници на оваа државна помош се над 2000 лица со посебни потреби, додека Северна Македонија нема национален регистар кој точно покажува колку лица со посебни потреби во државата.

Вјолца Алити

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button