ВЕСТИЗДРАВСТВО

Лицата со дијабетес утре на протест пред Министерството за здравство

Сојузот на здруженија на дијабетичари на Македонија за утре во 19 часот најави дека ќе одржи предупредувачки мирен протест пред Министерството за здравство. Протестот, како што велат од Сојузот, е поради тоа што лицата со дијабетес не ја добиваат соодветната терапија.

Advertisements

„Завршија сите рокови, логички, правни, измислени и смислени игри и манипулации. Заврши времето на лаги и обезличување на 150 000 граѓани, на 45 000 лица со дијабетес на инсулин. Заврши сето што можеше ‘нашето’ министерство за здравство и ‘нашата’ Влада на Република Северна Македонија да ги манипулираа 700 дечиња и млади со пумпи, сетови за пумпи, сензори, глукомери и со терапија. Ова доаѓа после најдолгото трпение, најголемата конструктивност, најпосветени за соработка, после многу инвестирање во достоинството наше, на лицата со дијабетес“, се вели во соопштението испратено од Сојузот на здруженија на дијабетичари на Македонија.

Од Сојузот велат дека и покрај тоа што има најиновативна инсулинска и антидијабетна терапија, тие не ја добиваат и прашуваат зошто е тоа така.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button