ВЕСТИЗДРАВСТВОМАКЕДОНИЈА

Лицата со посебни потреби незадоволни од ангажманот на власта во заминување

Лицата со посебни потреби се жалат дека владата во заминување не направила доволно за да ја подобри нивната ситуација. Здружението СОС Вита ги повикува новоизбраните пратеници и идната Влада да направат законски измени, особено во однос на здравството.

„За жал, лице со инвалидитет живее со 11 илјади денари, само лековите се над 12 илјади денари. Еднаш засекогаш треба да се решат прашањата на лицата со посебни потреби. Зошто лице со попреченост кога е 100% неподвижно, зошто да чека да помине низ различни комисии. Јас сум 31 година во електрична инвалидска количка, треба ли секогаш да ѝ кажам на комисијата дека сум или не сум лице со попреченост. Пратениците и министрите нека земат во предвид дека еднаш засекогаш, треба да се направи подобар живот за лицата со посебни потреби“, рече Ертан Шаќири, СОС Вита.

Живко Милевски рече дека покрај обезбедувањето на бесплатни инвалидски колички од државата, потребно е да се направат и измени на позитивната листа на лекови.

Во моментов во здружението СОС Вита има над 400 членови со различни дијагнози, кои според раководителите на здружението имаат бројни потреби за да преживеат.

Мелихате Рустеми

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button