
Лицата со посебни потреби нема да добијат 78% зголемување на социјалните надоместоци како што побараа преку законски измени, ниту зголемување на часовите за лична помош од 80 на 160 часови месечно. Ова доаѓа откако пратениците не ги изгласаа законските амандмани за кои ветија дека ќе ги поддржат. Од коалицијата „Менуваме“ се револтирани, велејќи дека државата воопшто не се грижи за нивните здравствени потреби и грижи.
Пратениците на Левица кои беа предлагачи на измените велат дека негласањето на законските измени говори за незаинтересираноста на другите партии за потребите на граѓаните.
Според податоците на Државниот завод за статистика, во земјава има над 94.000 лица со посебни потреби, од кои 15.000 се корисници на државна социјална помош.
Вјолца Алити