СПОРТФУДБАЛ

Ливерпул го запре Манчестер Сити

Ливерпул најави излез од големата криза откако „црвените“ славеа со 1-0 на големото дерби против Манчестер Сити, прекинувајќи ја серијата на шампионот од 21 натпревар без пораз во Премиер-лигата. Ван Дајк заврши одлична работа во неутрализирањето на Ерлинг Халанд, додека улогата на херој му припадна на Мохамед Салах, кој го постигна побендичкиот гол во второто полувреме.

Advertisements

Првите 45 минути минаа во тактичко надмудрување на двете страни, како најава за фуриозното второ полувреме. Салах промаши зицер „еден на еден“ со Едерсон, а на спротивната страна Фоден погоди за Сити, но голот беше поништен со ВАР поради прекршок над Фабињо на стартот од акцијата.

Момент на одлука беше 76. минута, кога по еден скратен корнер за гостите Алисон ја фати топката и веднаш ја упати кон половината на Манчестер Сити. Таму Салах маестрално при самиот прием се ослободи од Кансело, излезе очи в очи со Едерсон и ја смести топката во мрежата на „граѓаните“.

Страстите зовреа во финишот, па Јирген Клоп доби црвен картон поради реакцијата за еден недосуден очигледен фаул од Силва врз Салах. Нуњез не се снајде најдобро во неколку наврати во половината на „граѓаните“, но Ливерпул сепак успеа да ја задржи предноста и да стигне до голема победа.

Извор: Екипа

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button