ВЕСТИСПОРТ

Ливерпул стигна до 19-тиот трофеј во Премиер лигата


Тимот на Ливерпул е прогласен за шампион на Англија, Европа и светот. Сонот на навивачите на Ливерпул за англискиот трофеј, беше исполнет по 30 години чекање. По победата од 5:3 над Челси, трофејот во Премиер лигата заврши во рацете на капитенот Џордан Хендерсон, а тренерот на Ливерпул, Јирген Клоп смета дека вистинската прослава на оваа титула ќе биде по пандемијата.

„Сега славете и пијте, но подгответе се за вистинскиот празник кој не знам кога ќе се одржи. Кога овој гаден вирус ќе исчезне, тогаш ќе имаме голема забава“, рече Јирген Клоп, тренер на Ливерпул.

Илјадници навивачи на Ливерпул беа пред стадионите и славеа со часови, но пандемијата не дозволи да се приреди голема забава на улиците на Ливерпул.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button