СПОРТФУДБАЛ

Ливерпул тргнува по потписот на Гринвуд, спремен да плати 70 милиони фунти

Ливерпул сериозно се вклучи во трката за потписот на Мејсон Гринвуд, напаѓачот кој моментално настапува за Олимпик Марсеј. Според најновите информации, клубот од „Енфилд“ е подготвен да понуди 70 милиони фунти за да го донесе младиот офанзивец во своите редови.

Advertisements

Гринвуд оваа сезона прикажа одлични партии во француската Лига 1, откако претходно имаше импресивен настап на позајмица во Хетафе. И покрај тоа што има важечки договор со Олимпик Марсеј до 2029 година, интересот за него расте, а Ливерпул се чини е најрешителен да го обезбеди неговиот потпис.

Доколку трансферот се реализира, дел од сумата ќе биде префрлена и на Манчестер Јунајтед, кој сè уште поседува процент од правата на играчот.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button