ЗАБАВАМЕТРОПОЛ

„Livin’ on a prayer“ – големиот хит на Бон Џови, кој можел воопшто и да не биде објавен!

Групата „Bon Jovi“ во текот на изминатите децении постоење објави низа светски хитови, а еден од најпознатите секако е „Livin’ on a prayer“ од 1986 година. Песната се најде на првото место на многу светски топ листи, а и денеска со задоволство се слуша.

Advertisements

Меѓутоа, многу лесно можело да се случи овој класик и воопшто да не  биде објавен.

Фронтменот Бон Џови не ја сакал оригиналната верзија од „Livin’ on a prayer“  и бил близу до одлука таа да не биде дел од албумот „Slippery when wet“. Сепак, главниот гитарист Ричи Самбора, бил „гласот на разумот“ кој успеал да го убеди пејачот дека песната е навистина добра.

„Се сеќавам дека излегував од соба со Самбора и реков ех, добро е. Можеби треба да ја ставиме за саундтрек за некој филм“, раскажа Џон Бон Џови своевремено за Ајриш Тајмс и така даде до знаење дека песната не му се допаднала.

Сепак дошло до пресврт, благодарение на Самбора иако сето ова довело и до мала расправија меѓу двајцата колеги од бендот.

Меѓутоа, на крајот стигнале до конечно решение, а Џон Бон Џови, Ричи Самбора и останатите членови на бендот ја преработиле песната, од бас гитара до тапани, давајќи и сосема нов звук на познатата„Livin’ on a prayer“

Ричи Самбора користел таканаречен talkbox (електронски уред кој им овозможува на гитаристите да прават изобличени звуци со помош на своите усни), што и го даде на песната претпознатливиот звук. Овој ефект можете да го воочите на почетокот, но и во текот на целата песна.

Кога станува збор за текстот, главни ликови се Том и Џина, пар од работничка класа која се бори за гол живот. Томи ја губи работата во пристаниште поради штрајк, додека Џина работи како келнерка во ресторан, а приказната е базирана на настани од реалниот живот кои Џон Бон Џови и текстописецот Дезмонд Чајлд ги искусиле во 70-тите години од минатито век.

„Сакам да раскажам приказна за луѓето кои ги познавав. Значи, наместо да го направам она што го направив со песната „Runaway“, каде девојката за која зборувам немаше име, сега им доделив идентитет на актерите. Томи и Џина не се две специфични личности, тие претставуваат одреден стил на живот“, објасни славниот рокер.

Инаку, токму Томи и Џина исто така се споменуваат и во големиот хит на Бон Џови „it’s my life“, објавен во 2000 година.

Во продолжение ние да ја слушнеме нумерата „Livin’ on a prayer“.

Извор: Музичко Ехо

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button