ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Лизгалишта на струшките улици

Лизгалишта на струшките улици

Струшките улици се претворени во лизгалишта. Граѓаните едвај се движат, бидејки добар дел од нив, особено споредните улици, како и тротоарите воопшто не се исчистени и оковани се во мраз. Таков е примерот со улицата која води кон градскиот пазар, а која е доста фрекфентна.

Advertisements

„Ова е срамота за Општина Струга.Возрасните кои немаат млади во куќа, треба да излезат, треба да пазарат,.Видете го патот прво, каде е Општината, каде се финансиите.Кој го финансира прво ова чистење. Мајка ми моја пред три години си ја скрши ногата,а сега и е страв да излези. Се е подмрзнато, немаат исчистено, немаат фрлено ни сол ни песок, а земаат пари.Дали се кради. Видете што е , ова е срамота.Треба да алармираме сите ова да се среди“, рече еден жител.

„Тешко е, не е исчистено како што треба.Но што да правиме.Скоро секогаш се повторува ова.Една улица е исчистена, главната, другите се катастрофа“, изјави еден граѓанин.

„Улицата е катастрофа. Воопшто не е исчистена.Струга е мал град, солта е барем ефтина, треба да фрлат сол за да се исчисти, не камења да се фрла“, додаде друг.

„Улиците не се исчистени добро.Многу е тешко движењето. Со страв се движиме“, рече еден граѓанин.

„Лизгаво е и неисчистено е. Мора да се пазиме. Отежнато е движењето. Треба да се пазиме, за да не дојдиме до некој скршеници. Госпшод го даде, господ ќе го земе. Мерко мислам дека тоа го нагласуваше повеќе пати“, нагласи еден граѓанин.

„Како се движите по улицата? Да ти кажам тешко е. Само мраз е.Ништо не е чисто.Што ќе му порачатена градоначалникот?Ќе му пораќам да ги исчисти малку улиците, бидејки не е чисто. Гледај, дали личи ова“, рече еден граѓанин.

„Некаде се исчистени, некаде не се услистени. Главниот пат е чист, а оваа не е чистена воопшто“, додаде друг.

Некои од граѓаните се принудени сами да го чистат снегот.

„Сами сте принудени да го чистите мразот?За да не паѓаме, да не кршиме нозе.Општината од таа страна го исчисти, од оваа не.Од таа страна вчера го чистеа.Има ли луѓе кои паѓаат?Има, доста има. Има низ градот снег доста“, изјави еден граѓанин.

Наспроти овие снимки, од Општина Струга вчера се огласија се информација дека компаниите со кои имала склучено договор Општина Струга биле на терен уште од раните утрински часови.

„Сите улици се проодни и сообраќајот се одвива непречено. Апелираме до граѓаните да бидат повнимателни кога ги користат своите возила.
Чистење на снегот, посипување со сол и песок на терен ќе продолжи толку време колку што е потребно.Продолжуваме со работа за доброто на граѓаните“, велат од Општина Струга.

Единствено чисти се двете шеталишта, кејот покрај Црн Дрим и главните сообраќајници.Слична е состојбата и во Охрид. Од Специјалната болница за оретопедија, Свети Еразмо велат дека само во текот на вчерашниот ден биле примени пет пациенти, кои се здобиле со повреди при пад на мраз, четворица. Со скршеници на раце или нозе, и една контузија на глава./ Алсат.мк

Мики Трајковски

 

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button