ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Лога очекува Уставниот суд да ја отфрли иницијативата на Левица за Законот за матична евиденција

Министерот за правда Кренар Лога изјави дека очекува Уставниот суд да ја отфрли иницијативата од политичката партија Левица за оценување на уставноста на Законот за матична евиденција предложен од Министерството за правда, со кој се предвидува националноста да се запише во матичните книги на родените, венчаните и на умрените.

Advertisements

-Очекувам дека мериторно Уставниот суд ќе ја отфрли иницијативата на Левица и Законот ќе биде во сила. Најавувам и дека штом ќе имаме одлука на Уставен суд ќе имаме и нови упатства и нови изводи што значи дека ќе се повтори праксата што ја воведовме и ќе имаме графа за националност во изводите за да ја спречиме злоупотребата при вработување низ цела држава, изјави Лога.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button