ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Лога: По уставните измени, фокусот ќе се врати на главните проблеми

Лога: По уставните измени, фокусот ќе се врати на главните проблеми

Според министерот за правда, Кренар Лога, главна пречка во борбата против корупцијата се уставните измени. Тој подвлекува дека дури по затворањето на овој процес вниманието и фокусот ќе почне да се враќаат на главните проблеми на општеството и државата.

Advertisements

„Верувам дека државата мора да оди напред и главна пречка во овој момент се уставните измени, додека не се затвори тој процес, ние ќе останеме на место…

-Каква е врската?

-Дали уставните измени би ја намалиле корупцијата во државата?

– Сакам да кажам дека фокусот и вниманието на целото мислење и на државата ќе почне да се враќа кон главните проблеми на општеството и државата.

Од Форумот за промени во образованието велат дека корупцијата е присутна и во образовниот систем

„Свесни сме дека во изминатите години она што го карактеризира македонското образование е непотизмот, корупцијата и многу други прашања кои влијаат на квалитетот на образовниот систем… За жал мораме да зборуваме како можеме да се подобрат состојбите, и со борбата против корупцијата, па како форум за образовни промени во изминатите месеци работевме на концептот за воведување на ветинг во образовниот систем“, рече Бленди Ходаи, Форум за промени во образованието.

Според студијата на Македонскиот центар за меѓународна соработка на секој трет граѓанин му бил побаран поткуп, додека на секој четврти или околу 380 илјади граѓани дале мито.

Ајнур Бафчари

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button