ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Лога: Преамбулата е приоритет, очекувам поддршка од опозицијата за уставните измени

Преамбулата останува да биде приоритет на работната група која ќе ги подготвува уставните измени и за кратко време предлогот на кој работат ќе биде презентиран пред јавноста, порача министерот за правда Кренар Лога во неделното интервју за Радио Слободна Европа. Тој очекува поддршка од ВМРО-ДПМНЕ, иако од опозицијата не испратија претставник во работната група.

Advertisements

„Во неколку изјави ВМРО-ДПМНЕ има дадено простор дека ќе ги поддржи уставните измени, и тоа најмалку два пати. Нивниот лидер еднаш рече дека бара цврсти гаранции од ЕУ, па кажа дека ќе имаат позитивен став ако имаме формулација како во Хрватска. Така да, ако ВМРО не најде сила како една од најголемите политички партии, внатре во ВМРО-ДПМНЕ ќе се најдат вистинските луѓе кои знаат да ја препознаат иднината на државата, дека нема друг пат, бидејќи ова што се бара и очекува од нас мора да се исполни“, вели Лога.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button