МАКЕДОНИЈА

Локалните избори без втор круг го поткопуваат демократскиот процес

Локалните избори без втор круг го поткопуваат демократскиот процес. Овој став на премиерот Заев доаѓа по барањето на лидерот на ВМРО ДПМНЕ Мицкоски кој ги условува промените во Изборниот законик со промена на моделот на локални избори. Заев вели дека треба да се разговара за овој изборен модел, но во случај да биде загрозен легитимитетот на претставниците, тој нема да биде земен предвид.

Advertisements

Од ДУИ велат дека политичкиот договор е за изборен модел со отворени листи на локалните избори. Идејата за втор круг на избори треба да се дискутира во партијата и меѓу партнерите.

ДУИ

„Секоја друга идеја за други можни измени во Изборниот законик ќе биде предмет на анализа и разгледување во партијата.
Албанската опозиција не ја поддржува идејата за локални избори без втор круг. Според нив, треба да се даде значење на прочистување на избирачкиот список и отворени листи за општински советници.

АА-Алтернатива

„Прво да се исчисти изборниот список, а потоа да се разговара за изборниот модел. Ние го поддржуваме моделот на отворени листо за советници. Вториот круг за градоначалник треба да остане„.

 

Во рамките на измените во Изборниот законик, Владата најави и вклучување на препораките на ОБСЕ-ОДИХР во законските одредби. Министерот за правда, Бојан Маричиќ, соопшти дека ќе го достават предлогот до Собрание пред новогодишните празници.

Adrian Kerimi

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button