ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Локалните избори ја променија политичката карта кај Албанците

Локалните избори вчера ја сменија албанската политичка карта во земјава. ДУИ по два мандата, го загуби Тетово, а уште еден мандат ги задржа Кичево, Струга и Чаир. Лидерот на ДУИ, Али Ахмети, изјави дека неговата партија е победник во албанскиот политички блок, но не го коментираше поразот во Тетово кое беше досегашен бастион на ДУИ.

Advertisements

„Сакам да им се заблагодарам на сите гласачи, на електоратот на ДУИ, на сите претседатели на штабови, на централниот штаб, на сите шефови на локални ограноци и совети, за нивната неуморна работа во овој процес и во првиот круг и во вториот.“

Биљал Касами го освои Тетово и со тоа стана нов бастион на Беса, а го освоија и Желино. Касами рече дека на следните избори Беса ќе биде главна партија на Албанците. Но, зборувајќи за калкулациите за ново парламентарно мнозинство, Касами рече дека мнозинството е стабилно и функционално.

„Сметам дека ова се локални избори и тоа е резултат на кандидатурите кои биле локални.“

Алијанса за Албанците и Алтернатива ги добија Гостивар и Врапчиште. Кандидатот на албанската опозиција победи со голема разлика против  Невзат Бејта од ДУИ во Гостивар. Генералниот секретар на Алијанса Арбен Таравари најави ново парламентарно мнозинство.

„Мислам дека од утре ќе почнеме преговори за новата Влада. Ова владино мнозинство СДСМ-ДУИ веќе нема кредибилитет кај населението.“

На локалните избори во двата круга, ДУИ ги освои повеќето општини со албанско мнозинство, албанската опозиција и партијата на Касами освоија по две општини, додека ДПА една.

Adrian Kerimi

 

.

 

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button