МАКЕДОНИЈА

Локалните избори – пресвртот на политичката сцена во 2021 година

Локалните избори, седми по ред од независноста на земјата, резултираа со силно водство за македонската опозиција.

Advertisements

Од 80 општини и Градот Скопје, ВМРО-ДПМНЕ освои вкупно 42 општини, СДСМ 16, ДУИ 11, Коалицијата Алијанса за Албанците и Алтернатива 2, Беса 2, ГРОМ 1, ЛДП-ДОМ 1, ДПА 1, а во две општини а Град Скопје победија независните кандидати.

Локални избори, градоначалници:

• ВМРО-ДПМНЕ – 42 општини
• СДСМ – 16 општини
• ДУИ – 11 општини
• АА-ААА – 2 општини
• Беса – 2 општини
• ГРОМ – 1 општина
• ЛДП-ДОМ – 1 општина
• ДПА – 1 општина
• Независни кандидати – 2 општини и Град Скопје

Споредено со локалните избори во 2017 година, СДСМ има драстичен пад; од 57 општини изгуби 41 општини.

ВМРО имаше пораст од 37 општини, ДУИ го задржа бројот на општини 10, но го загуби Тетово, а Гостивар остана упориште на Алијансата уште еден мандат. Алијансата изгуби 1 општина, остана само со Гостивар и Врапчиште, Беса се зголеми, од 1 општина што ја имаше во 2017 година Желино, на овие избори го освои и Тетово. Желино требаше да се тестира во Управниот суд за неправилности, поради што Аријанит Хоџа од оваа партија, министер за земјоделство, поднесе оставка и најави заминување од владата.

Изборите првпат беа спроведени со опрема за идентификација на гласачи со отпечатоци од прсти, покрај идентификацијата со важечки документ за идентификација. Бидејќи немаше пилот-проект, во првиот изборен круг изборните тела се соочија со значителни технички пречки во работата на опремата.
Вториот круг помина со значително помалку технички проблеми споредено со првиот круг.

Фатлуме Дервиши

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button