Локалните избори во Жупа и Маврово-Ростуше пред ново пропаѓање

Граѓаните на општина Центар Жупа на 17 април повторно ќе треба да бираат градоначалник. На изборите во октомври лани не беше постигнат потребниот цензус, односно гласачкото право го искористија помалку од 1/3 од запишаните избирачи. Градоначалникот, кој сега како повереник од Владата раководи со општината, а е и кандидат за нов мандат, смета дека голем е веројатноста и овие избори да пропаднат. Повеќе од половината од населението е иселено во Западна Европа, најмногу во Италија.
„Треба да дојдат од Италија за едно гласање и постои повторно ризик, истите избори повторно да бидат успешни“, рече Арјан Ибраим-градоначалник на Центар Жупа
Ибраим вели дека најдобро е изборите да се одржат во текот на месец август, односно на 7 или 14, кога печалбарите доаѓаат во родниот крај. Побарале од Владата да им се овозможи тоа, но засега нема одобрение. Потребно се законски измени. Во слична состојба се наоѓа и општината Маврово – Ростуше, каде исто така во април треба да се одржат локални избори.
„Наше барање беше да падне цензусот до 25%, што мислиме дека моментално има толку. Барањето на општина Ростуше беше од аспект на локалните избори, да се земат резултатите од пописот што беше во тек и врз основа на тој попис, да се изврши промена“, изјави Арјан Ибраим-градоначалник на Центар Жупа
Претседателот на Државната изборна комисија, Александар Даштевски за Алсат рече дека доколку повторно не се постигне цензус на изборите, тогаш претседателот на Собранието ќе треба да распише нови избори за тие општини, а во меѓувреме, Владата повторно ќе назначи повереници. Инаку, Даштевски лично смета дека во април повторно нема да биде достигнат потребниот изборен цензус. /Алсат.мк
Мики Трајковски