Локалните власти уверуваат дека постојано ги расчистуваат патиштата на Шар Планина по снежните врнежи
Локалните власти уверуваат дека постојано ги расчистуваат патиштата на Шар Планина по снежните врнежи

По бројните снежни врнежи кои ден претходно блокираа многу патишта во планинскиот дел на Тетово, локалните власти интервенираа со механизација за чистење на снегот. Патиштата денес беа проодни, но со потешкотии, додека на некои места беше речиси невозможно да се помине без синџири.
„Во моментов, како што можете да видите, не се проодни, но треба подобро да се одржуваат. Ако имате зимска опрема, се поминува, но исто така треба да внимавате да не ги запоставите планинските предели“, рече еден жител.
„Мислам дека поминаа со багер, но ние сме планинско место, без разлика дали ви се допаѓа или не. Патот е тесен, треба многу вртења, па напред назад. Синџири од тука до градот не треба, но да видиме денес дали ќе фрлат сол или не, досега е добро“, додаде друг жител.
„Самите ги чистиме видете. Багер не поминал, гледате таксистите ги нема никаде“, изјави еден жител.
Директорот на Општинското јавно претпријатие Тетово за Алсат изјави дека потешкотиите од вчера се надминати и дека продолжува чистење на улиците.
„Подготвени сме за врнежите. Најризични области беа вчера Вејце и Бродец, но денес се проодни и нема блокади. Претпријатието е на терен и интензивно работи на тоа патот да биде прооден. Денес нема поплаки, но синоќа имаше. Апелираме до граѓаните да не ги паркираат своите автомобили на улица за да не го попречуваат процесот на чистење“, рече Самет Бислими Директор на ЈКП „Тетово“.
Општина Тетово годинава издвои околу 7 милиони денари за зимско одржување, од кои 3 милиони се само за снабдување на сол, која освен претпријатието за одржување на патиштата, може да ја користи и Општинското јавно претпријатие, додека одржувањето на патиштата, оваа општина ја чинеше 4 милиони денари./Алсат.мк
Башким Сулејмани