Локалните власти во Тетово се во проблеми со уличните продавачи кои ги блокираат јавните простори на два булевари
Локалните власти во Тетово се во проблеми со уличните продавачи кои ги блокираат јавните простори на два булевари

Зафаќањето на јавните простори од страна на уличните продавачи, како и делови од улицата „Илинден“ и булеварот „Илирија“ во Тетово, станува сè поголем проблем. Во различни делови од градот, како да не е доволно окупирањето на тротоарите со нивната стока, сега некои продавачи блокираат и дел од патот.
Слободното движење на граѓаните не само што се отежнува, туку во делот во близина на градскиот пазар, тоа е речиси целосно невозможно. Општинскиот инспекторат ја продолжува борбата за нивно отстранување, заедно со тетовската полиција, но за сега нема резултати. По заминување на инспекторите и полицајците состојбата на булеварот се враќа во претходната состојба.
„Инспекторатот е континуирано на терен за расчистување на терасите, тротоарите и јавните површини. Во повеќето случаи, јавните површини се расчистени, но има и разни пречки. Има случаи кога инспекторатот, заедно со Полицијата и Пазарниот инспекторат, дури и ја отстрануваат стоката, но истите улични продавачи повторно излегуваат на тротоар и повтроно ги пласираат своите производи. Тоа е континуирана битка со која се справуваме од почетокот на мандатот. Неодамна составуваме проект заедно со двата инспекторати, за продолжување на целосното расчистување на тротоарите. Имало казни, и тоа над четириесет казни само за физички лица”, рече Албион Алили, портпарол на Општина Тетово.
„Најизразениот проблем се покажува тука на улицата „Илинден“ и на булеварот „Илирија“ во долниот дел од градскиот пазар, каде што се блокирани не само тротоарите, туку и улиците. Бидејќи ова спаѓа во сива економија, побаравме појаснување и од општинскиот пазарен инспекторат, но без одговор“, додаде Башким Сулејмани.
Пред извесно време, при полициска контрола, пронајдена и запленета е голема количина тутун што се продавал нелегално, како и други непријавена стока.
„При контролата, шест лица се лишени од слобода поради основи на сомнение дека сториле кривично дело „избегнување на акциза“ согласно член 279-б од Кривичниот законик. Имено, при контролата на овие лица се пронајдени и одземени вкупно 453 пакувања разни цигари и 199 килограми тутун од разни видови. Тие се приведени во полициската станица и по документирање на случајот, против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави“, велат од СВР Тетово.
Општината и полицијата најавуваат дека акциите за испразнување на просторите што ги зафаќаат нелегалните продавачи ќе се интензивираат уште повеќе од следната недела, поради доаѓањето на иселениците./Алсат.мк
Башким Сулејмани