ВЕСТИРЕГИОН

Лом во косовското Собрание – летаа тупаници, шишиња и чаши

На денешната седница на Собранието на Косово дебатата ескалираше во физичка пресметка меѓу министрите и пратениците на власта со оние на опозициската Демократска партија. Тепачката започна додека говореше премиерот Албин Курти, кога му се обрати пратеникот на ДПК, Мергим Луштаку.

Advertisements

По тензиите, спикерот Глаук Коњуфца, рече дека она што се случило во салата е неприфатливо и оти правосудните органи треба да го третираат согласно законската регулатива.

„Употребата на насилство на овој начин е за осуда и за осуда од сите нас. Затоа, сметам дека поради овој хаос што се создаде намерно, одговорноста на органите за спроведување на законот, ако имало физички напад врз Собранието на Косово, ќе биде решена согласно законот“, рече Коњуфца.

Во првата реакција на владејачкото движење Самоопределување се наведува дека подадената рака кон оние кои не сакаат државност, демократија и владеење на правото во Косово, се обидела да стане тупаница.

„Ова е напад врз првата влада на Косово која нема ниту еден министер или заменик-министер контролиран од Белград. Овој напад се случува во важен момент на дипломатско соочување, не само на Косово со Србија. Овој напад дојде како координирана акција помеѓу различни гранки на истата банда. Некои од нив се нарекуваат пратеници, некои се нарекуваат новинари, а некои демонстранти. Но, Косово ќе напредува во консолидирањето на својата државност и покрај ваквите напади“, рекоа од Самоопределување.

Пратеникот на Демократската партија, Хисен Бериша, рече дека биле испровоцирани од вицепремиерот Бесник Бислими.

„Оваа ескалација не е добра ниту за Собранието, ниту за демократијата, ниту за граѓаните на Косово кои очекуваат нешто друго. Треба да поднесат оставка од морални причини. Барем од морални причини да поднесат оставка и да го отворат патот за изборен процес кој ќе донесе инклузивна влада“, рече Бериша.

Пред да биде нападнат, Курти во Собранието зборуваше за Радојчиќ и како потерницата против него била повлечена во 2021 година, неколку дена пред формирањето на неговата влада.

„Кога имаше претходни влади, овој главен криминалец беше во Митровица, беше во Приштина. Сега, нашиот придонес е тоа што е во хотел во Копаоник во Србија“, рече Курти.

Шкелзен Аќифи

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button