
Денвер и Никола Јокиќ му ја продолжија агонијата на Лос Анџелес Клиперс, откако го совладаа со 111-108 во Колорадо. Српскиот постигна 32 поена, 16 скока и 9 асистенции за помалку од 36 минути на теренот. Меѓу другото, тој ги погоди клучните две слободни фрлања во финишот од мечот. На спротивната страна се истакна Пол Џорџ со 35 поени и 7 асистенции. И покрај тоа, Клиперс го претрпеа шестиот пораз во низа, а петти откако екипата ја засили Џејмс Харден.
За разлика од градскиот ривал, Лејкерс играат одлично во последно време и го забележаа третиот триумф по ред, совладувајќи го Мемфис со 134-107. Гризли се втор најслаб тим во лигата по Детроит, но тимот од Лос Анџелес го има моментот на своја страна и веќе се наоѓа на седмото место на табелата со позитивен биланс (6/5). Дианџело Расел беше најефикасен кај победничкиот тим со 24 поени, еден помалку постигна Хачимура, а Дејвис заврши со 19 поени и 11 скока.
РЕЗУЛТАТИ
Шарлот – Мајами 105-111
Детроит – Атланта 120-126
Филаделфија – Индијана 126-132
Бруклин – Орландо 124-104
Оклахома – Сан Антонио 123-87
Њу Орлеанс – Далас 131-110
Јута – Портланд 115-99
Денвер – ЛА Клиперс 111-108
Голден Стејт – Минесота 101-104
ЛА Лејкерс – Мемфис 134-107