ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Љубомир Јовески отиде во пензија: Во Обвинителството имало реформи

Државниот јавен обвинител Љубомир Јовески од денеска заминува во пензија. Во писмено обраќање, тој ги повика колегите обвинители да демонстрираат истрајност и решителност во борбата против криминалот. „Не дозволувајте поединци да ја извалкаат професијата во која секојдневно се вложувате. Со чесна и напорна работа вашите резултати нема да останат непрепознаени од јавноста“, напиша Јовески. Според него, состојбите во Обвинителството не се лесни, но има реформи, што веќе биле забележани и од меѓународните институции. Неговата функција во својство на вршител на должност во моментов ја извршува обвинителката Соња Симовска. Наследник на Јовески ќе се бира меѓу кандидатите Фатиме Фетаи, Љупчо Коцевски и Лидија Раичевиќ.

Advertisements
Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button