Лудва пред Собранието ги претстави двата сета приоритети на чешкото претседателство
Лудва пред Собранието ги претстави двата сета приоритети на чешкото претседателство

Чешкиот амбасадор Јурослав Лудва пред Собранието ги претстави двата сета приоритети на чешкото претседателство кои главно се засноваат на безбедноста на унијата и партнерите, соработката со НАТО, енергетската независност и едногласноста за поддршка на Западен Балкан. Евроамбасадорот Дејвид Гир изјави дека улогата на Собранието во овој период на почетокот на скринингот за евроинтеграции е клучна а неопходна е политичката соработка.
„Прв приоритет ќе бидат надворешните односи преку промовирање обединета и ефикасна ЕУ во надворешните односи преку постигнување консензус меѓу земјите-членки во согласност со високите претставници за надворешни работи и безбедносна политика. Ова е општ приоритет на секое претседателство. Потоа во име на географскиот фокус е продлабочувањето на трансатлантското партнерство и зајакнувањето на односите со другите земји како Западен Балкан и Украина и источните партнери“, рече Јурослав Лудва, амбасадор на Чешка.
„Парламентот ќе има многу важна улога во овој процес. Длабоката и суштинска соработка и со Комисијата за европски прашања и со Националниот совет за евроинтеграции ќе биде клучот за успехот во овој процес. Другите тела во парламентот исто така ќе имаат улога во рамките на нивните соодветни овластувања. Пред се, ова бара членовите од секоја политичка група да работат заедно на реформската агенда на ЕУ во интерес на граѓаните бидејќи недостатокот на политичка соработка ги попречува реформите и ќе го забави напредокот на земјата на нејзиниот европски пат“, изјави Дејвид Гир, амбасадор на ЕУ.