ВЕСТИСВЕТ

Луфтханза продолжува да отпушта работници

Кризата предизвикана од Ковид-19 ја погоди германската авиокомпанија Луфтханза потешко отколку што се очекуваше, што значи дека ќе бидат затворени уште повеќе работни места.

„Луфтханза“ ги засилува мерките за штедење и повлекува од сообраќај повеќе авиони отколку што првично беше планирано, пренесува Дојче веле.

Причината е многу побавното закрепнување на воздушниот сообраќај, кој беше сериозно погоден од пандемијата на коронавирусот.

Од флота со 760 авиони, најмалку 150 остануваат трајно приземјени. Ова важи и за најголемиот патнички авион во светот А380 ќе биде исфрлен од употреба доколку производителот Ербас не сака да ги прими назад. А авионите А340-600 повеќе нема да летаат.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button