ВЕСТИЗДРАВСТВО

Луѓето со посебни потреби бараат подобри услови

Имал нормален живот, добра работа и бил целосно здрав, но сообраќајната несреќа засекогаш му го промени животот . Ова е приказна за Благоја Симоновски, 64-годишен маж кој половина од животот го поминал во инвалидска количка. Вели дека е многу тешко да се живее со ограничувања, а приходите се многу ниски посебно сега кога се покачиле цените.

Advertisements

Тој вели дека недостатокот на инфраструктура за лицата со посебни потреби го ограничува нивното движење.

Во Македонија неофицијално има околу 97 илјади лица со посебни потреби. Пред неколку дена тие протестираа пред Владата барајќи еднаков третман во општеството, зголемување на приходите за 78 проценти, толку колку што ги зголемија функционерите, како и други услови кои ќе го олеснат нивното секојдневно функционирање.

Ајнур Бафќари

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button