СПОРТ

Лук Литлер, најмладиот светски шампион во пикадо

Лук Литлер е нов светски шампион во пикадо. Во финалето неверојатниот тинејџер, кој има само 17 години, го совлада трикратниот светски шампион Михаел ван Гервен со 7-3 во сетови. На тој начин Литлер стана убедливо најмладиот светски шампион, а претходен рекордер беше токму Ван Гервен, кој својата прва титула ја освои во 2014 година на 24 години.

Advertisements

Младиот Англичанец го потврди фаворитскиот статус во финалето против 18 години повозрасниот xоланѓанец и со доминантен настап оствари убедлива победа. Иако немаше многу поголем филдинг просек (102,73 наспроти 100,69), Литлер беше многу поуспешен во своите излези (55,56% наспроти 36,84%).

Во еден момент се чинеше дека победата на популарниот „The Nuke“ може да биде уште поубедлива, бидејќи финалето го отвори со водство од 4-0, но Ван Гервен успеа да се соземе и заигра поквалитетно. Но, освои само три сета и со тоа го доживеа четвртиот пораз во седмото финале на Светските првенства. Литлер по ланското второ место сега се закити со шампионски статус.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button